Охрид станува сериозен тим кој се наметнува да биде „фактор“ во македонскиот ракомет. Според најавите и она што го дознава 24Ракомет, во Охрид треба да дојде големо ракометно име. Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер и Вардар, Ловро Јотиќ, е на чекор до потпис со амбициозниот тим на Охрид. Ако се остварат овие најави, тогаш охриѓани ќе го добијат можеби најголемото засилување во последно време.
„Гладијаторите“ годинава изборија место во европските купови, а сега сакаат да одат чекор напред. Сериозниот тим предводен од Стефче Алушовски покажува дека има сила да биде и некое скалило повисоко на табелата.
Освен Јотиќ, според нашите информации Охрид „мерка“ уште неколку познати ракометари, па нема да биде неочекувано ако Еурофарм Пелистер и Вардар добијат уште еден конкурент за домашните трофеи.
Јотиќ минатата сезона ја заврши во хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, a на почетокот на кариерата настапуваше во Умаг, Замет и Дубрава, пред да се пресели во Загреб. Седуваше првото интернаионално искуство во данскиот Алборг, па камбек на една сезона во хрватската престолнина.
Потоа организаторот на играта мина две сезони во Македонија, по една во Еурофарм Пелистер и Вардар, пред да следи преселба во бундеслигашот Лајпциг.
Доколку се реализира трансферот Охрид би добил големо засилување, пред се за настапите на меѓународната сцена во Европскиот Куп, каде за ривал го има незгодниот романски тим Потаиса Турда.
На домашна сцена, Охрид има три од три на стартот на Супер лигата, а в сабота го очекува дерби натпреварот против големиот ривал Тиквеш од Кавадарци во СРЦ „Билјанини Извори“.