Левиот бек Петар Ѓорѓиќ се раздели со српскиот шампион Војводина и во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на тимот на Партизан.
Некогашниот репрезентативец на Србија направи шокантен трансфер среде сезона во лутиот ривал на клубот од Нови Сад.
Тој минатата зима беше најавен како најголемо засилување во историјата на Војводина, но не издржа многу во српскиот шампион.
На стартот од оваа сезона не беше во преден план кај тренерот Борис Ројевиќ, воопшто не играше против Нексе, а доби мала минутажа против Кил.
На левата бековска позиција Ројевиќ го форсира Милан Јовановиќ, па Ѓорѓиќ реши кариерата да ја продолжи во српската метропола.
Ова ќе биде вториот српски клуб за него откако во кариерата играше за бундеслигашите Хамбург, Фленсбург и Вецлар, белорускиот Мешков Брест и португалската Бенфика, пред да дојде на Балканот.