Македонскиот интернационалец Тоше Ончев на крајот на оваа сезона ќе замине од шпанскиот тим Новас и ќе има нов предизвик во кариерата.
Новас нема амбиции за влез во Асобал лигата, па левиот бек од Македонија реши да побара нова средина за наредната сезона.
27-годишниот велешанец ја започна сезоната во Борец ФЛ каде беше еден од главните стрелци. Ончев играше и во скопски Вардар, каде се задржа осум години, потоа го направи своето деби како интернационалец, во францускиот Вернуj.
Од Франција замина во Грција, каде играше за Фаикас Корфу, па после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапуваше за Работнички.
Во сезоната 2021/22 беше дел од Тримо Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, а потоа играше и за Охрид, пред да замине во Голден Арт, од каде дојде во Велес и мина полусезона.