Томовски со нова солидна партија во Бундес лигата

Македонскиот интернационалец Мартин Томовски заедно со тимот на Потсдам вечерва се соочија со Лемго.

Клубот на Томовски загуби со 32:23, а Македонецот во дадената минутажа повторно имаше добар настап.

Македонецот забележа седум интервенции и заврши со 25% ефикасност меѓу стативите на Потсдам.

Ракометарите на Потсдам во следното коло за ривал го имаат Вецлар и ќе се обидат да стигнат до втора сезонска победа.