Македонскиот интернационалец Мартин Томовски повторно имаше свое шоу во Бундес лигата и со десет одбрани го предводеше Потсдам до првата сезонска победа.
Тимот на Томовски во рамките на 22. коло на Бундес лигата беше домаќин на Штутгарт и успеа да триумфира со три гола разлика, 28:25.
Томовски уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма, бидејќи во претходното коло против Магдебург забележа дури 18 интервенции.
Потсдам ќе се обиде до крајот на сезоната да игра уште подобро за да обезбеди опстанок во најквалитетната лига на светот.
Во следното, 23. коло, Томовски и неговите колеги ќе му гостуваат на Битигхајм, а потоа ќе се соочат со Ерланген на домашен терен