Македонскиот претставник во Европскиот Куп, Тиквеш, денес пристигна во Австрија и го одработи тренингот пред утрешниот реванш дуел со незгодниот Кремс.
Како што е познато, избраниците на Никола Матлиески на првиот одигран натпревар триумфираа со четири гола разлика, 33:29.
Кавадарчани во реваншот можат да си дозволат и реми, како и пораз помал од три гола разлика.
Натпреварот меѓу Кремс и Тиквеш ќе се одигра утре со почеток од 19:00 часот.
Победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман во следната фаза од третото по ранг европско клупско натпреварување.