Репрезентативката на Норвешка, Стине Скогранд беше разочарана од посетеноста на натпреварот меѓу нејзината репрезентација и Данска на континенталниот собир
Според официјалните податоци на ЕХФ, на скандинавското дерби од главната фаза на Европското првенство биле присутни само 2.500 гледачи во „Винер Штадхале“ арената во Виена
,,Забележав дека имаше наши навивачи, одлично се слушаа поради малата постеност. Но секако дека е тажно што нема многу гледачи во големите арени на ова Европско првенство”, изјави Скогранд.
Два од трите ко-организатори на ЕП, Австрија и Швајцарија, не успеаја натпреварите да ги играат пред полни трибини.
Ниту за натпреварите на Унгарија, која во групната и главната фаза играше на свој терен, во целост не беше исполнета „Феникс Арена“ во Дебрецен.