Тимот на Нексе Нашице славеше против Олимпијакос со 32-29 и го освои третото место во групата Б, а тоа носи натпревар за петтото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.
Нексе водеше со четири гола во првиот дел, 9-5, но грчкиот првак не се откажа од бркање на негативата и успеа да стигне до реми на паузата, 17-17.
Отпорот на Олимпијакос траеше дваесетина минути во вториот дел, тимот на Рикардо Трилини дури и водеше со два разлика, но Саша Баришиќ Јаман побара тајм-аут во вистински момент.
По 24-22 за Олимпијакос, Нексе преку расположениот Александар Цениќ направи пресврт, стигна до 26-26, потоа со уште една серија од три гола по ред за 29-26 го реши победникот на овој меч.
Хрватскиот тим ќе се бори за петтото место на турнирот против српскиот вицепрвак Војводина утре од 12:00 часот, додека два часа порано Олимпијакос ќе игра против Египет У20.
























