Кој Македонец е подготвен за странство? 

Македонската Супер лига има ракометари кои можат да направат трансфер во посилно европско првенство, смета познатиот ракометен менаџер Братислав Илиќ.

Во разговорот за 24Ракомет, Илиќ доби директно прашање кои домашни играчи имаат потенцијал за настап на повисоко ниво. Првото име што го издвои беше Марко Митев.

„Марко Митев, сигурно“, кратко и јасно одговори Илиќ.

Покрај Митев, тој ги спомена и Ненад Костески, Васил Гогов, како и голманот Ѓорѓи Николовски. Посебно внимание му посвети на Гогов, за кого смета дека можеби не го добива вниманието што го заслужува.

„Васил Гогов е многу перспективен и драго ми е што се бори за своето место. Можеби е малку незабележан или занемарен, но напредува со својата работа“, изјави Илиќ.

Неговото мислење е дека Македонија има талентирани играчи, но нивниот следен чекор ќе зависи од минутажата, правилниот избор на клуб и трпението во развојот.

Илиќ предупредува дека младите ракометари често премногу брзо размислуваат за парите и за голем трансфер. Наместо тоа, треба да изберат средина во која ќе играат и ќе напредуваат.

„Многу играчи се лакоми. Брзо преминуваат од еден агент кај друг, па кај трет. Очекувањата се големи, а кај некои родители има и болна амбиција“, вели Илиќ.

Според него, добриот менаџер не треба само да најде клуб, туку да го насочува играчот во текот на неговата кариера.

Целиот разговор со Братислав Илиќ можете да го прочитате на следниот линк: 

Ракометен менаџер открива: Голем дел од трансферите ги договарам со сопругите

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________