Танески скрати список – 24 кадети во конкуренција за „Трофеј Карпати“, има и еден интернационалец

Селекторот на кадетската репрезентација, Наум Танески, го скрати списокот на ракометари што ќе бидат во конкуренција за настап на „Трофеј Карпати“ во Романија.

По изборниот тренинг во Автокоманда списокот на кој имаше 41 ракометар, сега е скратен на 24 кои ќе бидат во комбинација, а доаѓа и еден интернационалец.

Станува збор за Мишел Поп Андонов, кој прикажува одлични игри во норвешкиот шампионат во младинските конкуренции.

На списокот се најдоа и Дамјан Митев и Самоил Ристевски, кои веќе имаат искуство од настапите со кадетска конкуренција на големите натпреварувања.

Турнирот ќе се одржи од 25 до 29 октомври, а покрај домаќинот Романија на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Египет и Црна Гора.

Настапот на овој турнир ќе биде дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2024 година што ќе се играат во Скопје, а ривали на Македонија ќе бидат Швајцарија, Словачка и Косово.