Танески: Квалитетот и искуството се на страната на Бутел Скопје

Ракометарите на Струга во рамки од 5. коло од суперлигашкиот плеј-оф ќе се соочат со екипата на Бутел Скопје.

Стружани, исто како и скопскиот тим, не успеаја да освојат бод во претходните три кола, па така пред својата публика ќе имаат императив да го дадат најдоброто од себе и да го надиграат ривалот.

За двете екипи ова ќе биде првиот меѓусебен сезонски дуел, бидејќи се избегнаа во првиот дел од сезоната, односно во групниот сегмент од Супер лигата.

Тренерот на Струга, Наум Танески, им ја препушти фаворитската улога на бутелци и најави голема борба на саботниот дуел.

,,Екипата на Бутел Скопје е доста искусна и квалитетна екипа, одигра многу изедначени натпревари против сите екипи во првиот и вториот дел од сезоната. Секако дека квалитетот, но и искуството се на нивна страна. Наше е да одиграме борбено во одбраната и да направиме помалку технички грешки, доколку сакаме да сме блиску и да се радуваме на овој натпревар. Сите ракометари се подготвени и се надевам дека ќе ги реализираат дадените задачи”, изјави Танески.

Натпреварот меѓу Струга и Бутел Скопје ќе се одигра в сабота (9 март) со почеток од 13:30 часот во спортската сала „Тими“. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090