Талески и Бенфика со убедлив триумф во Португалија

Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, забележа нова победа во португалскиот шампионат.

Бенфика на домашен терен оствари убедлив триумф над Аванка со 38-23, во натпревар од петтото коло.

Левиот бек Талески беше меѓу најзабележителните поединци во победничкиот состав и успеа да постигне три погодоци.

Бенфика сега се израмни на врвот со Порто и Спортинг Лисабон со по 12 бодови, но тимот на Талески има натпревар повеќе од големите ривали.