Tрет позитивен ракометар во Бундес, повторно во Рајн Некар

Интернационалецот од Шпанија кој настапува воредовите на Рајн Некар, Гедеон Гвардиола е третиот ракометар које позитивен на тестот за Корона вирусот.

Се работи за уште еден играч на Рајн Некар, кој се приклучи на списокот на кој се наоѓаат и Мадс Ларсен и Јаник Колбахер.

„Ни направија тестот, а потоа ме повикаа и рекоа дека имам Корона вирус. Ситуацијата не се смени многу. Останува во карантин во мојот дом и се обидувам да ги минимализирам контактите со надворешниот свет. Неопходно е да се сноси одговорност и да се разбере што се случува. Ваѓно е овој кошмар да заврши што е можно побрзо“, изјавува Гвардиола.

Неизвесно е какви се тестовите на другите ракометари, но нема да биде чудно доколку уште некој од ракометарите биде позитивен со оглед на тоа што досега позитивните наоди во Бундес лигата се само во Рајн Некар.