TРАНСФЕР МАРКЕТ: Ернандес оди во Магдебург, две промени во Спортинг, Марос во Кадетен до 2028

  • Шпанскиот голман Сергеј Ернандес, кој лани требаше да оди во Мешков Брест, но остана во Бенфика, според информациите на „Handball Planet“ од следното лето ќе ги брани боите на германскиот шампион Магдебург.
  • Бразилската голманка Рената Аруда го продолжи договорот со амбициозната романска екипа Глорија Бистрица, која истовремено го потврди доаѓањето на француската интернационалка која игра на левата крилна позиција, Дебора Кподар од Нант.
  • Левиот бек на швајцарската репрезентација и Кадетен Шафхаузен, Лука Марос, ќе остане уште долго во овој клуб. 28-годишниот ракометар се обврза на договор со швајцарскиот тим до 2028 година.
  • Португалскиот Спортинг Лисабон откако остана без Мануел Гашпар, кој замина во Нант, се засили со 22-годишниот норвешки чувар на мрежата од Драмен, Андре Кристенсен. Во меѓувреме од клубот замина и искусниот десен бек Јонас Шенгарт, иако имаше активен договор со тимот од Лисабон.