Победничко селфи: Стружани по две сезони се враќаат во плеј-офот (ФОТО)

Ракометарите на Струга ја остварија зацртаната цел за оваа сезона и обезбедија пласман во плеј-оф фазата во суперлигашката конкуренција.

Стружани во последното коло од регуларниот дел од сезоната славеа убедливо над Аеродром со 34:23 и останаа на 4. позиција во групата А.

За Струга пласманот меѓу најдобрите осум екипи е голем успех, бидејќи клубот во претходните две сезони играше во плеј-аут фазата и се бореше да го сочува суперлигашкиот статус.

Струга со обезбедениот плеј-оф во пролетниот дел од сезоната ќе се бори за едно од местата кои што водат на европска сцена.

Иако конкуренцијата е голема, избраниците на Наум Танески на дел од натпреварите со поквалитетните екипи покажаа дека можат да се носат и да бидат незгоден ривал.

Струга ќе разигрува за титулата во Супер лигата!