Струга домаќин во Прилеп

Ракометарите на Струга иако требаше да бидат домаќини на Прилеп во петтото коло од плеј-аутот, сепак ќе играат на гостински терен.

Познати се проблемите со салата „Нико Нестор“, која е затворена до санација на недостатоците, па стружани домашните средби треба да ги играат во салата „Тими“.

Сепак тоа нема да се случи против Прилеп, домаќинствата се заменети, па овој меч ќе се одигра во салата „Ристе Ристески Ричко“, додека реваншот во 10 коло би требало да се игра во Струга.

Почетокот на натпреварот е од 19:30 часот, а бодовите се важни за двете екипи во битката за опстанок.