„Странски играчи се неопходни за успех во Европа“

Женскиот ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров, кој сезонава стигна до четвртфиналето во Европскиот куп, за првпат на полусезона ангажираше странски играчи – три Бразилки и една Србинка. Сè дотогаш беше резултат постигнат на домашен погон.

Зошто ЖРК Ѓорче Петров се одлучи за странски засилувања? Што мислат на таа тема Ангел и Милева Велкови.

„Не сакам да го потценам нашиот ракомет, но во Македонија нема квантитет на играчи од кои ќе може да извадиме квалитет кој ќе може да парира за тоа што ние го создаваме како идеја. Можеби и засилувањата кои ги имаме нема да одговорат на она што ние го бараме, но мора да се превземаат такви чекори ако сакаме да одиме нагоре во Европа. Не сум видел ниту една екипа во Македонија без странци да успее да направи нешто во некој европски клуб. Гледам дури дека не се ни пријавуваат за настап“, коментира Ане и продолжува: „Желбите се следната сезона да се пријавиме во Европската лига, но прво мора да се заврши сезонава според посакуваното. Сакаме да одиме напред. Ако останеме во истиот куп – цел да го освоиме.“ – вели Ане.

„Целта за сезонава е двојна круна. Желбите и можностите се различни, по крајот на сезоната ќе правиме планови за следната“ – останува резервирана Лела.

Викенд интервјуто со Велкови прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ АНГЕЛ И МИЛЕВА ВЕЛКОВИ: Ѓорче Петров се крена како феникс!