Тимот на Тиквеш го одигра последниот натпревар под водство на тренерот Раде Стојановиќ во суперлигашкиот плеј-оф.
Кавадарчани имаа свои моменти на дуелот кај Охрид, но на крајот загубија со 29-24. Стојановиќ ја оценува сезоната како успешна за кавадаречкиот тим.
„Честитки за Охрид, еден коректен натпревар, без значење за двете екипи. Мислам дека имавме пад во првиот дел, во вториот дел дојдовме на минус еден, но поради некои наши грешки промашивме на празен гол. Сезоната би ја оценил како успешна, бидејќи ниту една екипа не не надигра во плеј-офот. За првпат игравме на завршниот турнир во Купот на Македонија и мислам дека ова беше една добра сезона за Тиквеш“, изјави Раде Стојановиќ.
Кавадарчани одат на заслужен одмор, но и следната сезона планираат да бидат дел од Европскиот Куп со вајлд-карта.