Ракометарите на Охрид водат по првото полувреме од реванш финалето со Татабања со 12-11 и уште 60 минути ги дели до трофеј во ЕХФ Европскиот Куп.
Почетокот на дуелот најави неизвесна и беспоштедна борба за трофејот. Голманите Пилиповиќ и Андо имаа свои моменти на стартот на дуелот, а предноста и иницијативата им припадна на гостинските ракометари.
Предноста траеше до 12 минута, кога во игра влезе грчкиот репрезентативец Николаос Љапис ги постигна двата гола за исто толку погодоци предност за домаќините.
Средината на првиот дел ја одбележа одличната игра во одбраната на Охрид, а круна на тоа беше голот на Јасухира кој го одведе домаќинот на „плус три“, а противничкиот тим на „тајм-аут“. Тоа го наруши ритамот на охриѓани, кои со низа промашувања ја билдаа самодовербата на голманот Андо. Кулминација на лошата игра за домашните заврши со црвен картон за Анте Иванковиќ по спектакуларната сцена на Григорас кој доби удар во главата и театрално заврши на подот, а судиите наместо исклучување покажаа директен црвен картон.

На домашните играчи им требаше 5 минути да се консолидираат и да ја вратат контролата над резултатот. Во финишот на првиот дел Охрид имаше минимална предност од 12-10, но Татабања на пауза заминува само со гол негатива 12-11.
Охрид од првиот дуел има предност од еден гол бидејќи го совлада унгарскиот претставник во ЕХФ Купот со 29-28 во првиот дуел. Остануваат уште 30 минути игра кои ќе го дадат наследникот на тимот од Автокоманда на тронот на овој куп.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























