Ракометарите на Охрид испишаа златна страница од клупската историја, откако славеа и во реваншот над Татабања со 31-25 и на доминантен начин стигнаа до значаен успех.
Ова е прв клупски трофеј во витрините на амбициозниот тим, а петти европски трофеј за македонските екипи по оние на Кометал Ѓорче Петров, Вардар и тимот од Автокоманда.
Охриѓани на доминантен начин стигна до трофејот со 11 победи на 12 натпревари, а Европската ракометна федерација му се поклони на македонскиот тим.
„Оваа ноќ ќе се памети“, напишаа од ЕХФ.
























