Словенечкиот Тримо Требње, предводен од македонскиот стратег Раде Стојановиќ, со победа ја отвори новата сезона во домашниот шампионат.
Тримо славеше на незгодното гостување кај Ивачна Горица со 30-27, а победата беше најавена по првиот дел, кога момците на Стојановиќ водеа со 15-12.
Ова беше добро загревање за Тримо и Стојановиќ, кои ги очекува реваншот од квалификациите за Лигата на Европа.
Словенечкиот претставник славеше на домашен терен со 32-28 против тимот на Лимож, но сега претстои реваншот во Франција.