Еурофарм Пелистер отвори ново поглавје со ангажманот на трофејниот стратег Лино Червар, со кој потпиша договор на две сезони.
Претседателот на клубот што трипати по ред беше шампион на Македонија, Зоран Стерјев, смета дека неговиот ангажман ќе донесе многу позитивни работи за битолчани.
„Отвораме ново поглавје во длабоката и голема историја на Еурофарм Пелистер, со која ќе ја трсираме иднината да биде поуспешна и сметам дека изборот на Червар е вистински да ни помогне на тој пат. Со него веќе неколку години сме во контакт, како и за се во животот, така и за оваа работа требаше да се спојат сите коцки, а јас сум исклучително горд и задоволен на соработката. Сметам дека неговиот ангажман ќе биде од неколкукратно значење позитивно. Пред се за стабилноста околу првата екипа, процесот на учење е доживотен и сите треба да учиме секој од секого, и на тој начин да одиме напред. Сите ние во клубот ќе имаме да научиме многу нешта од знаењето на Червар. Ќе бидеме поразлични од сите и тоа е возбудата која и кај мене се подгнува на највисоико ниво, но соработката со овој стручњак ќе помогне во развој на младите играчи од овие простори. Ние имаме одлични младински школи и се работи на развој на нови играчи, но искуството на Червар ќе помогне дел од тие играчи, оние кои сакаат најмногу да работат, се преточат во лидери и добри играчи, а од придобивките ќе бидат големи не само за нив, туку и за градот и клубот. Амбициите се на највисоко ниво, зад себе оставивме стресна сезона, но ќе ни треба време да ги донесеме крајните заклучоци. Не бевме успешни во целите што ги имавме зацртани и затоа треба да бидеме свесни и реални и да ги најдеме причините зошто не се случи тоа. За следната сезона очелуваме враќање на тронот и што подобар резултат во Лигата на Европа. Со оглед на играчкиот кадар, а со Червар на клупата тие цели се реалност, со макотрпна работа и посветеност се надевам дека трофеите на македонска сцена ќе успееме да ги вратиме во Битола, а градот да биде претпозналив како ракометен центар низ Европа, град во кој и најсилните ќе мора да помачат за да дојдат до победа. Успеавме да се договориме и да најдеме заеднички јазик, имаме идентични размислувања и сметам дека се профеесионална работа и желба ќе успееме да ги оствариме целите“, изјави Стерјев.
























