Тимот на Кичево славеше против Астраион со 38-32 во натпреварот од второто коло во прволигашката конкуренција.
Предводници на домашните беа Стефан Стефаноски со 11 и Стефан Лозаноски со девет погодоци, додека кај струмичани се истакна Георгиев со девет. Астраион одржуваше рамнотежа до 10-10, потоа се беше во знакот на домашните, кои до паузата стигнаа до плус четири, 19-15.
Во Штип, тимот на Текстилец ја победи Преспа Вардар со 36-28, во меч со два црвени картони. Гостите од Ресен беа рамноправен ривал во првиот дел, но во финишот на полувреме по еден невнимателен старт црвен картон доби Костовски, при резултат 14-14, па тоа им ја скрати ротацијата.
Беше 17-17 на стартот на вториот дел, а потоа штипјани полека ја преземаа контролата на теренот и најчесто имаа предност од три до пет гола. Во финишот останаа домашните без Јовановски, кој доби црвен картон по трите исклучувања, но тоа немае влијание на конечниот резултат.
Голманот Боболковски имаше одлична партија на голот на Текстилец, а најдобри стрелци беа Филип Џинес со десет и Филип Савев со осум гола, додека исто толку за Преспа Вардар даде Александар Филиповски.