Србија со подмладен состав ќе патува на СП

Селекторот на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар, го објави списокот на играчи за ЕХФ неделата, во која србинките ќе одиграат неколку контролни пред настапот на Светското првенство 2023.

На списокот кај Брегар партиципираат 19 ракометарки, седум од нив настапуваат во српскиот шампионат, додека останатите 11 се интернационалки.

За разлика од минатите Мундијали, српската репрезентација ќе настапи во доста подмладен состав. Од интернационалките тука се искусните Анѓела Јањушевиќ, Марија Чолиќ, Сања Радосављевиќ…

Србија во периодот од 24 до 26 ноември ќе учествува на турнир во Шпанија. Српската репрезентација освен со домашната селекција ќе тестира и против репрезентациите на Јапонија и Аргентина.

Репрезентативките на Србија на Мундијалот 2023 се во група заедно со Данска, Романија и Чиле. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.