Спартак се израдува на деветта сезонска победа

Екипата на Спартак во рамки од 23. коло од Женската лига без многу проблеми го совлада Астибо со 35:27.

За избраничките на Велимир Мицевски ова беше деветта победа во тековната сезона и со новите освоени бодови останаа во игра за 7. позиција на табелата.

Победникот на денешниот натпревар беше најавен уште во првиот дел, кој го доби домаќинот со 18:13.

Спартак во второто полувреме продолжи во исто темпо и во ниту еден момент не беше доведена победата во прашање.

Победничката екипа беше предводена од Михаела Ангеловска и Марија Петковска, двете ракометарки постигнаа по осум погодоци.

Кај Астибо стандардно прво име беше искусната Марија Анчева, која заврши како прв стрелец на натпреварот со 11 успешни реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080