СП 2023 – ГРУПА Ц: Норвешка прв фаворит, Кореја и Австрија во предност пред аутсајдерот Гренланд

Од 29 ноември до 17 декември, Данска, Шведска и Норвешка ќе бидат домаќини на најдобрите 32 женски репрезентации од целиот свет. Гледачите во Хернинг, Фредерикшавн, Трондхајм, Ставангер, Гетеборг и Хелсинборг, ќе имаат можност да ги видат мајсториите на најдобрите ракометарки. 24Ракомет Ви ги претставува учесниците на претстојниот Мундијал...

На претстојното Светско првенство во Данска, Шведска и Норвешка ќе играат 32 репрезентации, поделени во осум групи од по четири, а првите три тима од секоја група поминуваат во главната рунда, додека оние што ќе завршат на последното место ќе играат во Президент Купот.

ГРУПА Ц

🇳🇴 НОРВЕШКА 🇳🇴

Натпреварите од групата Ц ќе се играат во „ДНБ Арена“ во Ставангер, еден од домаќините Норвешка е јасен фаворит во оваа група, а ќе ја имаат поддршката од гласните навивачи.

Покрај Норвешка, тука се Австрија и Кореја, кои не би требало да имаат проблеми против Гренланд, кој вторпат во историјата се пласираше на Светско првенство по она во 2001 година откако го освои првенството на Северна Америка и Кариби.

Ниту една репрезентација нема повеќе медали на големите натпреварувања од Норвешка, која се пласираше на седум од осумте минати СП во полуфиналето, освојувајќи го златото на СП 2011, СП 2015 и СП 2021 година.

Норвежанките не само што имаат домашна предност, туку и позитивен баланс со Кореја и Австрија на сите големи натпреварувања. Десет победи на 17 мечеви се против Кореја, а на последното соочување на СП 2019 година, тогаш Норвешка победи со 11 гола разлика, 36-25.

Актуелниот светски првак ќе смета на десниот бек Нора Мерк, потоа средниот бек Хени Рајстад, како и МВП од последното СП – пивотот Кари Братсет Дале. Неизвесна за настап е искусната голманка Катрин Лунде.

Норвежанките исто така имаат позитивен биланс и против Австрија, а последната победа со 33-20 датира од СП 2007 година. На досегашните осум средби на СП, Норвешка има седум победи, додека Австрија прв и последен пат победила на СП 1995 година.

Клучни ракометарки: Хени Рајстад (лев бек), Кари Братсел Дале (пивот), Нора Мерк (десен бек), Стине Офтедал (среден бек), Катрине Лунде (голман)

🇦🇹 АВСТРИЈА 🇦🇹

Австрија се врати на СП 2021 за првпат по долгата пауза од 12 години и заврши на 16. место. Со млад ростер и искусен тренер, Херберт Милер, кој е на оваа позиција од 2004 година, Австријките посакуваат пласман во главната рунда и евентуално во четвртфиналето.

Нивната задача ќе биде тешка, особено што во групата ја имаат Кореја. Двете селекции имаат играно меѓусебе четири пати, со две победи на Кореја и една на Австрија во 1990 година, а еден меч заврши реми.

Клучни ракометарки: Петра Блажек (голман), Соња Фреј (среден бек), Катарина Панџа (лев бек)

🇰🇷 КОРЕЈА 🇰🇷

Селекцијата на Кореја ќе се обиде да заврши во ТОП 10 за првпат по СП во Кина 2009 година откако ја продолжи доминацијата на Азискиот шампионат по триумфот во продолженија над Јапонија, а потоа се пласира и на ОИ во Франција, но загуби во финалето на Азиските игри од истиот ривал.

Клучни ракометарки: Ру Еун Хе (десен бек), Мин Сео Ким (среден бек), Ли Миг Јеонг (лев бек)

🇬🇱 ГРЕНЛАНД 🇬🇱

По цели 22 години, селекцијата на Гренланд успеа да обезбеди пласман на Светско првенство и посакува да собере искуство за составот што во иднина ќе треба да им донесе нови пласмани на големите натпреварувања. На нивното деби, во 2001 во Италија, Гренланд ги загуби сите пет натпревари.

Клучни ракометарки: Ивалу Бјерге (лев бек), Најаја Либерт (среден бек), Андреа Хеилман (лево крило)