СП 2023 – ГРУПА Б: Црна Гора и Унгарија големи фаворити против Камерун и Парагвај

Од 29 ноември до 17 декември, Данска, Шведска и Норвешка ќе бидат домаќини на најдобрите 32 женски репрезентации од целиот свет. Гледачите во Хернинг, Фредерикшавн, Трондхајм, Ставангер, Гетеборг и Хелсинборг, ќе имаат можност да ги видат мајсториите на најдобрите ракометарки. 24Ракомет Ви ги претставува учесниците на претстојниот Мундијал...

На претстојното Светско првенство во Данска, Шведска и Норвешка ќе играат 32 репрезентации, поделени во осум групи од по четири, а првите три тима од секоја група поминуваат во главната рунда, додека оние што ќе завршат на последното место ќе играат во Президент Купот.

ГРУПА Б

🇲🇪 ЦРНА ГОРА 🇲🇪

Две европски земји, Унгарија и Црна, африканскиот претставник Камерун и Паргавај како претставник на Јужна Америк ќе играат во групата Б, која ќе се игра во „Хелсинборг Арена“ во Шведска.

Унгарија и Црна Гора ќе посакуваат пласман во главната рунда од првото место, а се чини дека за третио билет ќе се борат Камерун и Парагвај. Европските ривали се среќаваа четири пати во последните десетина години, а Црногорките имаат три победи.

Се уште се памети победата на Црна Гора на СП 2015 година во Данска, кога ја шокираа Унгарија и и го нанесоа еден од најтешките порази во историјата на големите натпреварувања, 32-15.

Четири години подоцна на СП 2019 во Јапонија, Црна Гора прослави драматична победа над големиот ривал, 25-24. Црногорките доаѓаат на ова СП по најлошиот пласман на Мундијалите по Шпанија 2021 каде завршија на 22 место, но потоа на ЕП 2022 го освоија бронзениот медал.

Легендарното десно крило Јованка Радичевиќ, која има постигнато најмногу голови во историјата за репрезентацијата, 1103, ја заврши репрезентативната кариера и ќе биде тешко да се замени. Уште две од ракометарките што имаат значаен придонес ќе го пропуштат СП – Ѓурѓина Јауковиќ поради повреда, а Милена Раичевиќ беше изоставена од списокот.

Клучни ракометарки: Јелена Деспотовиќ (десен бек), Марина Рајчиќ (голман), Итана Грбиќ (среден бек)

🇭🇺 УНГАРИЈА 🇭🇺

Oд друга страна, Унгарија посакува да стигне одново до четвртфиналето на СП, особено бидејќи од 2013 година завршуваа на 11, 15, 14 и 10 место на Мундијалите. Со големи таленти, кои покажуваат успеси во кадетски и младински категории, односно освојуваат медали, селекторот Владимир Головин ќе има комбинација од младост и искуство.

Унгарската јавност има големи очекувања, а се посакува и место во квалификациите за Олимписките игри.

Клучни ракометарки: Бланка Биро (голман), Катрин Клујбер (десен бек), Грета Мартон (лево крило), Доротеја Фалувеги (десно крило), Петра Вамос (среден бек)

🇨🇲 КАМЕРУН 🇨🇲

Црна Гора и Унгарија никогаш не играле против Камерун или Парагвај, но имаат добри традиции против селекции од Африка или Јужна Америка на Мундијалите во последната декада.

За Камерун, место во главната рунда би било шанса да го подобрат најдобриот пласман, 20 место на Мундијалите. Ривал за тоа ќе биде Парагвај, но африканската селекција загуби досега на два пати од јужноамерикански противник на СП.

Голманката Бедианг игра во турскиот шампионат, додека Екох собираше искуство низ играњето за француските Нант, Шамбре, Флери Луар…па сигурно нема да бидат противник за подобрување на гол разликата.

Клучни ракометарки: Изабел Мбен Бедианг (голман), Сириел Ебанга Бабога (лев бек), Клаудија Ејенга (лево крило), Каришма Екох (среден бек)

🇵🇾 ПАРАГВАЈ 🇵🇾

Парагвај ги доби последните два натпревари на нивните три последни учества на Мундијалите и сега има седум триумфи на 27 одиграни натпревари.

Јужноамериканскиот ривал посакува место во главната рунда, а за тоа ќе им биде потребна победа над Камерун. Парагвај на СП 2013 година победи африкански ривал, Алжир со убедливи 29-19.

Клучни ракометарки: Марија Фернандез (лев бек), Делине Леива (среден бек), Жасмин Мендоза (десно крило)