Снегот направи проблем – одложен натпревар од Првата лига

Денешниот прволигашки дуел меѓу екипите на Драчево и Преспа Вардар, кој требаше да се одигра со почеток од 18:30 часот, е одложен поради лошите временски услови во Македонија.

Според информациите на 24Ракомет, гостите од Ресен тргнале за Скопје, но поради големите врнежи од снег не успеале да ја продолжат рутата до престолнината.

Ракометарите на Преспа Вардар заглавиле во Велес и го известиле домаќинот дека нема да можат да пристигнат навреме во Скопје.

Поради лошите временски услови, еден час подоцна започна денешниот дерби дуел меѓу Охрид и Тишвеш.

Снегот „изненади“ – дербито Охрид – Тиквеш ќе доцни 1 час