Женската репрезентација на Словенија се пласираше на Европското првенство, откако славеше кај Белгија со убедливи 36-14.
Со овие бодови, Словенија го осигура второто место со шест бода, додека Германија е сигурно на првото место со десет бодови.
Македонија е на третото место со два бода, додека Белгија е последна со исто толку, поради послабиот меѓусебен дуел со нашата репрезентација.
Избраничките на Драган Аџиќ победникот го решија уште по првото полувреме кога водеа со 20-9, а вториот дел беше само формалност.
Тјаша Станко беше најдобра на теренот со десет погодоци, додека Наташа Љепоја и Жива Чопи стрелаа по пет пати.

























