Тимот на Слован од Љубљана, кој од ова лето ќе го води словенечкиот селектор Урош Зорман, не запира со засилувањата за претстојната сезона.
Седмиот и осмиот нов ракометар беа промовирани од тимот од Љубљана, а станува збор за левото крило и репрезентативец на Словенија, Сташ Слатинек Јовичиќ, како и за левиот бек Леон Лјевар.
Претходно Слован го промовираше и кружниот напаѓач Илија Брозовиќ од бундеслигашот Хановер, а наскоро се очекува да се официјализира и трансферот на Јака Малус од Гепинген.
Слован Љубљана се засили и со голманот Алјаж Пантјар, десниот бек Гашпер Храстник, левото крило Ади Мехмедјехајиќ и десното крило Николас Цорцинис.
Јасно е дека шампионот Горење Велење, Тримо Требње и Целје добиваат голем конкурент во битките за титулите во Словенија.
Слован не се шегува – купува од Бундес лигата: Брозовиќ и Малус се селат во Љубљана!
Во Љубљана посакуваат Лига на шампиони – квартет засилувања за Слован на Зорман