По завршувањето на минатата сезона, словенечкиот вицешампион Слован Љубљана се раздели со деветмина ракометари.
Двајца од нив ќе дојдат во Македонија – Леон Љевар, чиј трансфер во Вардар одамна беше потврден од страна на македонскиот првак и Матиц Сухолежник, кој треба да дојде во тимот на Кирил Лазаров од Автокоманда.
Клубот официјално потврди дека дресот на Слован повеќе нема да го носат и Гашпер Храстник, Давид Ковачич, Ади Мехмедчехајиќ, Гал Маргуч, Кенан Пајт, Бине Пирц и Бруно Вили Зобец.
Мехмедчехајиќ се сели во Словењ Градец, додека Маргуч ќе игра за белорускиот првак Мешков Брест.
Досега Слован ги ангажира голманите Ферлин и Вујовиќ (ќе биде на позајмица во Висла Плоцк следната сезона), потоа бековите Самоило и Чавор, пивотот Трифковиќ…

























