Словачка го освои младинскиот ЕХФ шампионат

Паралелно со Европското првенство во Словенија, се играше и ЕХФ шампионатот за младинци во Косово.

Учествува оние селекции кои не добија место на ЕП во Словенија, а на крајот на трофејот се радуваше Словачка.

Словаците во финалниот натпревар ја победија селекцијата на Летонија со 31-25 додека во битката за третото место Финска славеше против Луксембург со 36-35.

На овој ЕХФ шампионат играа 12 репрезентации, а најдобар стрелец беше турскиот среден бек Херсеклиоглу Садик со 45 погодоци.