Младинската екипа на Еурофарм Пелистер со двете победи над Келце и Динамо Букурешт, обезбеди место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Меѓу можните ривали за полуфиналето во Келн на тимот на Фарук Мемиќ и Кире Митревски се два гиганти.
Станува збор за Барса, која ги елиминира Нант и ПСЖ, потоа Веспрем, кој беше подобар од Војводина и ПИК Сегед, како и ГОГ Гудме, кој триуфмираше против Фуксе Берлин.
Полуфиналните двојки ќе бидат одредени дополнително со ждрепка, завршниот турнир е на програмата на 14 и 15 јуни во „Ланксес Арена“ во Келн, а саатниците исто така ќе бидат познати во најскоро време.
ИСТОРИЈА: Еурофарм Пелистер ќе игра на Ф4 во Лигата на шампионите!
По Вардар, Еурофарм Пелистер е вториот македонски тим што оди во Келн!
Тројца пелистерци меѓу најдобрите – Лозановски, Марковски и Хаџиќ во идеалната седморка!