Селекторот на машката селекција на Хрватска, еден од домаќините на СП – Дагур Сигурдсон, го скрати списокот пред настапот.
Тој не смета за втората фаза од подготовките на бековите Филип Вистороп, Лука Мославац, Давор Гавриќ и голманот Матеј Мандиќ, кој се уште се опоравува по повредата заработена во физичката пресметка со Милош Кос.
Сепак останува можноста ако биде потребно и ако тој биде подготвен да се приклучи во главната рунда на неговите колеги.
Хрватите во некомплетен состав одиграа пријателски натпревар против Италија и слаеа со 35-20, на 8 јануари ги очекува пресметка со Македонија во Вараждин, додека на 10 јануари ќе играат против Словенија во Загреб.
Хрватска има незгодна група и ќе игра со неевропски селекции – Аргентина, Бахреин и Египет во групната фаза од СП 2025.