Сичко и Карачиќ го водеа Келце до триумф над „светците“

Полскиот шампион Келце на свој терен славеше против ПСЖ со 30:29 (16:15) во натпревар од третото коло од Лигата на шампионите. За Келце победата над ПСЖ беше втор сезонски триумф во европската елита.

Избраниците на Талант Душебаев од 10-та, па до крајот, беа во резултатска предност, но гостите од Париз никако не се предаваа и во најголемиот дел заостануваа на два до три гола разлика.

Одличната партија во дресот на Келце одигра левиот бек Симон Сичко и екс ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ.

Сичко дуелот со ,,светците” го заврши со осум постигнати погодоци, додека Карачиќ зад своето име запиша седум.

Кај ПСЖ листата на стрелци беше предводена од полскиот репрезентативец, кружниот напаѓач Камил Шипжак.

Келце во следното коло му гостува на германскиот првак Кил, кој денес триумфираше над Еурофарм Пелистер. ПСЖ за следен ривал го има токму македонскиот шампион.