Швеѓаните по елиминацијата: Засрамени сме, тотално фијаско, игравме како кукавици…

Селекцијата на Шведска загуби од Бразил и сега последниот дуел од главната рунда против Норвешка ќе има ревијален карактер.

За првпат по 2013, Шведска нема да игра во елиминациите на СП, а тоа е големо разочарување за скандинавската селекција.

„Мора да си одиме дома и да се чувствуваме засрамени“, изјави селекторот Михаел Апелгрен за шведската ТВ6.

Реакциите на ракометарите беа слични како на селекторот.

„Тотално фијаско“, кажа Албин Лагергрен.

„Играме за Шведска, привилегирани сме. Некако се разгаливме со резултатите што ги постигнавме во минатото. Но не смееме само да трчаме наоколу како кукавици“, изјави Готфридсон за „Афтонбладет“.

За Шведска сега останува уште еден натпревар против Норвешка, кој ќе има важност само за подобар пласман.