Данскиот шампион Алборг денеска објави дека во својот тим има нов голман, тоа е Антон Хелберг од домашниот ривал Колдинг.
32-годишниот Швеѓанец во европскиот вицепрвак доаѓа како замена за Никлас Ландин, кој ќе паузира поради повреда.
Како што е познато, искусниот Ландин ќе отсуствува најмалку два месеци, а Хелберг во Алборг ќе остане најмалку до крајот на оваа година.
Освен Хелберг, тренерот Мајк Махула на голманската позиција ќе го има на располагање Фабијан Норстен, како и младинецот Тобијас Буге.
Алборг имаше успешен старт во Лигата на шампионите, откако на свој терен славеше над Нант со 38:31.