Sweden vs Spain, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 20.01.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Шведска направи од готово-вересија против Шпанија, Исланд без проблеми со Словенија

Репрезентациите на Шведска и Шпанија одиграа нерешено во последното коло од групната фаза, 29:29, иако скандинавската селекција во најголемиот дел од натпреварот водеше со солидна предност.

Овие две репрезентации во главната фаза ќе пренесат по три бода, а за ривали ќе ги имаат репрезентациите на Португалија, Бразил и Норвешка.

Избраниците на Апелгрен на пауза заминаа со предност од 16:11 и во вториот дел до 50 минута константно беа во солидна предност.

Шпанија заигра поангажирано во последниот дел и направи камбек, откако Тарафета во 59 минута израмни на 28:28. На триесетина секунди пред крајот реализираше Екберг за 29:28, а во последната секунда Алекс Душебаев реализираше за крај на големата драма.

Андреас Паличка беше меѓу подобрите во таборот на Шведска, натпреварот го заврши со 11 погодоци, а во нападот одличен беше Албин Лагерген со девет погодоци од 11 обиди.

Кај Шпанија се истакнаа Феран Соле со седум и Даниел Душебаев со четири погодоци.

Исланд многу лесно се справи со Словенија, триумфираше 23:18 со освојувајќи го првото место во групата Г.

Островската земја одигра доминантно во првото полувреме, имаше 14:8 по 30 минути игра, додека во вториот дел избраниците на Зорман немаа сила за нешто повеќе.