Швајцарија заврши работа, Македонија сама ќе си решава за пласманот на ЕП!

Селекцијата на Швајцарија славеше против Словачка со 29-25 и обезбеди место на Европското првенство во Црна Гора.

Ова значи дека било каква победа на Македонија против Косово, па и реми, ќе ги однесе и нашите кадети на континенталниот собир.

Избраниците на Наум Танески славеа со 27-26 против Словачка, а загубија од Швајцарија со истиот резултат.

Швајцарија е прва на табелата со шест бода, Македонија и Словачка се на делба на втората позиција со по два бода, но нашата селекција има меч помалку.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра денеска во салата во Автокоманда со почеток во 15:00 часот.