Во продажба сезонски билети – сите натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 за 4.000 денари

Еурофарм Пелистер ги информираше своите навивачи дека од 31 јули во 14:00 часот започнува продажбата на сезонските билети за сезоната 2026/27.

Продажбата ќе трае до 18 август, а со сезонскиот билет љубителите на ракометот ќе можат да ги следат сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во текот на сезоната.

Сезонскиот билет за страничните позиции на двете трибини чини 4.000 денари и овозможува влез на сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер во Супер лигата, Купот на Македонија, Регионалната лига и Лигата на Европа, како и на сите домашни средби на Еурофарм Пелистер 2 во Супер лигата и Купот на Македонија.

За 4.500 денари навивачите ќе можат да обезбедат сезонски билет за централните позиции на трибините, кој исто така важи за сите домашни натпревари на двата тима во текот на сезоната.

Од битолскиот клуб ги повикаа своите симпатизери навреме да обезбедат сезонски билет и во текот на целата сезона да бидат силна поддршка во борбата за трофеи на домашната сцена и за што подобри резултати во европските натпреварувања.