Тимот на Куманово славеше против Спартак со 37-32 во директен двобој за место во ЕХФ Европскиот Куп.
Спартак одигра под нивото во споредба со оној дуел со Чаир минатиот викенд, домаќинките ги имаа расположените Азеведо со 13 голови и Стеин со девет гола, како и голманката Горковска, па заслужено славеа на оваа средба.
Сега Куманово има 23 бодови и е недостижен на четвртото место, додека Спартак остана на 18 на две кола до крајот.
Првиот дел беше израмнет, 20-20, иако во повеќе наврати Куманово водеше со два гола разлика. На стартот на вториот дел беше направена клучната залиха, Горковска фати неколку удари, во нападот погодуваа Нестороска, Стеин и Азеведо, се надоврза и Павлова, и веќе беше 26-22.
Таквата предност избраничките на Александар Бојковски ја одржуваа до крај и не му дозволија на ривалот да се надева на камбек во овој натпревар.
Кај Спартак, незапирливи беа Николовска со 12 и Цветановска со десет гола, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од пораз на овој меч. Во следното коло, Куманово ќе го пречека Чаир, а Спартак ќе гостува кај Пелистер.
























