Шок за европскиот првак – Ѓер на чекор до нов пласман на Ф4

По одиграните натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите во женска конкуренција, јасно е дека ќе има голема возбуда на реванш дуелите.

Трикраниот шампион, тимот на Вајперс Кристијансад, доживеа пораз на свој терен од Ѓер со седум гола разлика, 30:23.

Норвешкиот тим ќе има тешка задача на реваншот во Унгарија да стигне до висока победа, па така ќе посакува достоинствено да се збогува од годинешниот настап во европската елитa.

Вториот претставник од Унгарија во ЛШ – Ференцварош пред својата публика загуби минимално од Есбјерг со 26:25.

Тимот, во кој настапуваат двете екс ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, доколку посакува пласман на Ф4 ќе треба на реваншотт во Данска да триумфира само со два гола разлика.

Блиску до пласман на завршницата во Будимпешта е Битигхјам, откако на натпреварот против Оденсе дојде до победа од 30:26.

Богатиот проект на ЧСМ Букурешт на првиот четвртфинален дуел беше поразен од Мец со 27:24.

Реванш дуелите од четвртфиналето ќе се одиграат следниот викенд, на 4 и 5 мај.