Шест селекции го „чекираа“ билетот за СП во Македонија идното лето

Селекциите на Германија, Швајцарија, Шпанија, Данска, Шведска и Унгарија се шесте селекции после Македонија што обезбедија пласман на Светското првенство за младинци во Скопје наредната година.

Овие шест репрезентации ги запишаа вторите победи на ЕП во Романија, со тоа обезбедија место во главната рунда, односно ТОП 12 што ќе биде доволно за пласман на Мундијалот наредната година.

Во групата А, Португалија и Франција ќе се борат за второто место, додека Грција нема шанси за ТОП 12. Во групата Б, Србите загубија убедливо од Швајцарија и си ја закомплицираа работата околу пласманот во главната рунда, па во последното коло ќе мора да ја победат Турција и да се надеваат дека Фарски Острови нема да ја победи Швајцарија.

Во групата Ц, во третото коло Исланд со триумф над Летонија ќе оди понатаму, додека во групата Е, Шведска е прва сигурно, а другите три селекции имаат шанси. Босанците по вчерашниот триумф над домаќините, денеска се распаднаа против Израел и сега сите картии се отворени околу вториот патник во ТОП 12.

Во групата на Македонија, Данска е сигурна во главната рунда, а за второто место ќе се борат Норвешка и Хрватска, додека во групата Ф, Унгарците се сигурни за понатаму, а Словенија ќе мора да слави во последното коло за да оди во ТОП 12.

Европско првенство, 2 коло, резултати:

група А
Германија – Португалија 24-21
Франција – Грција 31-27

група Б
Фарски Острови – Турција 40-28
Србија – Швајцарија 25-35

група Ц
Исланд – Шпанија 28-33
Австрија – Летонија 38-28

група Д
Данска – Норвешка 33-30
Хрватска – Македонија 34-29

група Е
Израел – Босна и Херцеговина 43-33
Шведска – Романија 44-26

група Ф
Чешка – Полска 22-30
Унгарија – Словенија 28-26