Еурофарм Пелистер без проблеми славеше на гостувањето во Прилеп против истоимената екипа во последното, 22. коло од регуларниот дел од Суперлигата, триумфирајќи со убедлив резултат од 35:22.
Битолчани ја обезбедија победата уште во првото полувреме, кога направија серија и поведоа со 13:4, казнувајќи ја речиси секоја грешка на домашниот тим.
Прилепчани одвреме-навреме го пронаоѓаа патот до мрежата на ривалот и за 30 минури игра постигнаа осум, а примија 18 гола.
Во вториот дел, кој беше чиста формалност, актуелниот шампион рутински го приведе мечот до крај, контролирајќи ја играта и одржувајќи ја високата предност.
Најефикасен во победничката екипа беше Цветан Кузманоски со погодоци, додека кај домаќините по четири погодоци имаа Томислав Квастек и Христи Бикоски, а солиден меѓу стативите беше Илчо Ивчески.