Шампион не виде мака со Текстилец

Тимот на Шампион го совлада Текстилец со 29-22 во натпревар од третото коло во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Слободан Чивлачки поведоа со 7-0 и уште тогаш ја обебзедија победата. Гостите од Штип првиот гол го постигнаа дури по 13 минути игра.

Беше и 11-2 и веќе беше јасно дека Текстилец нема што да бара на овој натпревар. Во продолжение штипјани во неколку наврати намалија на минус пет, но немаа сили за нешто повеќе.

Бојан Белчески даде сум гола за победничкиот тим, додека Филип Спирковски постигна четири.

Во составот на Текстилец се истакнаа Драган Сенев и Дарио Јорданов со по пет погодоци.