Шабановиќ: Сега полесно се дише, останува да дадеме 100% и на последните два меча!

Ракометарите на Прилеп во рамки од 12. коло од суперлигашкиот плеј-аут на свој терен славеа над Куманово со 27:24.

Прилепчани со оваа победа обезбедија најмалку бараж, а доколку продолжат во посакуваниот ритам, тогаш и следната сезона ќе играта во елитата

На дуелот против Куманово повторно одлична партија имаше десното крило Деснис Шабановиќ, кој беше предводник на стрелците со осум погодоци, сите од игра.

,,Ова за нас беше многу важен натпревар, мислам дека одбраната пресуди, се жртвувавме за секоја топка, игравме според договореното, сите до еден одигравме добро, на крајот голманот исто така ни помогна многу, сите го дадовме максимумот и сите сме заслужни за овоените бодови. Сега полесно се дише, мора и на преостанатите два натпревари да бидеме на 100%, да го дадеме максимумот, не треба да кикснеме, доколку биде се како треба би требало да обезбедиме опстанок”,  изјави Шабановиќ.

Црногорскиот интернационалец, кој во неколку наврати беше МВП на колото во Супер лигата, истакнува дека со добра хемија и добар тренер се е можно..

,,Трудот секогаш се исплаќа… со ваква екипа и ваква хемија нема некој кој не може да напредува. Со добар тренер се доаѓа на свое. МВП наградите секако дека ми значат, тоа е голем успех, ова ми е прва сезона во Прилеп, доколку вака продолжам, сигурно ќе напредувам уште повеќе, се очекуваат во иднина уште награди и успеси”, заврши Шабановиќ

Прилеп во 13. коло ќе гостува кај Вардар Неготино, додека во последното коло ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО13101232
2ПРИЛЕП1291230
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
4ВАРДАР НЕГОТИНО1380524
5МУЛТИЕСЕНС1371523
6ГОЛДЕН АРТ1241716
7СКОПЈЕ 20201320116
8АЕРОДРОМ1400142

Прилеп обезбеди најмалку бараж – Куманово падна под Марковите Кули