Шабановиќ: Поразот беше очекуван, но задоволни сме од одиграното!

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 7. коло беа поразени на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер со 42:29.

Прилепчани во најголемиот дел од првото полувреме беа достоен ривал, но во вториот дел немаа многу сили да се надигруваат со поискусните ракометари на домашниот табор.

Десното крило на Прилеп, Денис Шабановиќ, истакна дека е задоволен од прикажаната игра против актуелниот македонски шампион.

,,Поразот беше очекуван, сепак, Еурофарм Пелистер е квалитетна и поискусна екипа од нас. Пристигнавме во Битола без никаков товар и притисок, сакавме да пробаме други работи за следните натпревари, кои за нас се клучни. Секогаш е убаво чувството кога играш против тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите. Иако сме поразени, главно сме задоволни од одиграното, посебно во првиот дел и можам да кажам дека сѐ што беше договорено исполнивме”, изјави Шабановиќ.

На Прилеп во следното коло му претстои тежок меч, бидејќи ќе му гостува на Бутел Скопје.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

 

Еурофарм Пелистер со одличен втор дел до убедлива победа против Прилеп