Серафимова и Штокерау не стигнаа до трофеј, Хипо се радуваше во Купот на Австрија

Македонската интернационалка Матеја Серафимова заедно со нејзиниот Штокерау не успеаја да стигнат до Куп трофејот во Австрија.

Во финалето од австрискиот Куп, тимот на Штокерау за ривал го имаше некогашниот голем ривал на Кометал ЃП, Хипо, кој победи убедливо.

Серафимова и колешките загубија со 37:22, а победникот веќе познат по првото полувреме, кое Хипо го доби со десет гола разлика, 20:10.

Штокерау во следниот период ќе биде фокусиран на последните два натпревари од регуларниот дел во австриската лига.