Серафимов: Очекувана беше победата над Гвинеја

Македонија се пласираше во главната фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка по триумфот над Гвинеја со 29-20.

Еден од подобрите играчи на Македонија во досегашниот тек од СП, Мартин Серафимов, ја коментираше победата против Гвинеја и пласманот во следната фаза.

,,Многу сум среќен што денеска победивме, очекувано беше, не сакам да звучам арогантен, но победата беше очекувана, го дадовме својот максимум и сега ни следуваат Австрија, Катар и Франција, ќе треба да одмориме вечерва и од утре да се подготвуваме за следната фаза. Ние иако кратко се подготвуваме, не дозволивме противникот да не изненади. Малку ни беше потешко да се вратиме од оној меч со Холандија, но на крај излеговме победници и тоа е најважно. Сите добија шанса на терен од селекторот, сега одиме напред и енергетски сме подготвени за следната фаза“, изјави Серафимов.

Избраниците на Лазаров за ривали во главната фаза ги имаат Австрија, Франција и Катар на Веселин Вујовиќ.