Секој ден по еден меч – од петок до четврток нови натпревари во младинската лига

Второто коло од машката младинска лига ќе се игра од денеска до среда, а првпат на терен ќе биде и шампионот од минатата сезона, Голден Арт.

„Градежниците“ ќе го пречекаат составот на Еурофарм Пелистер 2, кој имаше победнички старт, додека тимот на Еурофарм Пелистер гостува кај Младост во Богданци.

Прилепчани го дочекуваат Охрид, во натпревар кој би требало да биде интересен, а Вардар ќе гостува кај Мулти Есенс.

Во градскиот двобој ќе играат Алкалоид и Пролет, додека Бутел Скопје ќе оди на гостински терен во Свети Николе кај Овче Поле.

Младинска машка лига, 2 коло, распоред:

06/10, 19:00, Прилеп – Охрид
07/10, 12:00, Младост Богданци – Еурофарм Пелистер
08/10, 14:00, Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2
09/10, 18:00, Мулти Есенс – Вардар
11/10, 20:00, Алкалоид – Пролет
12/10, 17:15, Овче Поле – Бутел Скопје
Тиквеш слоб.